Кобајаши има нов рекорд на Планица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фантастичниот Јапонец Рјој Кобајаши денеска имаше одличен настап, откако го оствари вториот најдолг скок во историјата, па постави рекорд на скокалницата во Планица, Словенија.

Кобајаши скокна 252 метри во првата серија и така го урна претходниот рекорд, но сепак овие 252 метри се за 1,5 метри пократки во однос на свесткиот рекорд, кој го држи Штефан Крафт со 253,5 метри.

Интересно е тоа што 252 метри пред две години скокна и Роберт Јохансон пред две години, а треба да споменеме дека досегашниот рекорд во Планица го држеше Камил Стох од Полска, кој имаше скокнато 251,5 метри во 2017 година.

Во моментов се одржува втората серија од скоковите на скокалницата во Планица.