Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејмс Харден синоќа на натпреварот против Феникс Санс повторно одигра одлично и постигна 44 поени.
Така „Брада“ продолжи низ натпреварите кои сега се 27 на број на кои има постигнато најмалку 30 поени.
И додека сите се импресионирани од статистиката на Џејмс Харден, една кошракарска легенда сепак има поинакво мислење, а таа легенда не е никој друг туку Коби Брајант.
Брајант прокоментира на темата за многуте потрошени топки на Харден.
„Не мислам дека со таков стил на игра тој некогаш ќе освои титула првак. Но во исто време морате да продолжете да го водите својот тим напред за да остварите победа. Морате да го правите она што е потребно за да победите на натпреварот, а тој тоа и го прави“- додава Брајант.
Харден има импресивен учинок оваа сезона. Ова беше неговиот 20ти натпревар во кој постигна 40 или повеќе поени, а во последните 30 натпревари има просек од 40 поени