Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците изминатиот викенд ремизираа против Фрајбург и уште еднаш ги разочараа своите навивачи.
Ковач веќе со недели е под голем притисок поради лошите резултати и нема да биде изненадување доколку до крајот на годината добие отказ.
Тој не се вклопи баш најдобро во Баерн и јасно е дека сеуште нема добар однос со играчите во овој клуб.
Хрватскиот стручњак после мечот со Фрајбург за германските медиуми изјави дека сите се лути и тажни поради ова реми, но и дека треба веќе да се мисли за наредниот натпревар.
„Секако дека сме лути и тажни поради овој резултат, но ова е се спорт и живот. Веќе за неколку дена имаме следен натпревар и околу тоа сега размислуваме. Сепак, недопустливо е да примаме голови во последните минути и да губиме бодови. Ова веќе ни се случи по втор пат оваа сезона, после Аугзбург“, изјави Ковач.