Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн со победата над АЕК во ЛШ донекаде излезе од кризата, но далеку е од тоа, дека се е сјајно во тимот од Минхен.
Тренерот Нико Ковач е и понатаму мета на критики, со обзир на тоа дека ситуацијата во која се наоѓа во моментот Баерн не е баш прифатлива на Алијанц Арената, а работата доополнително му ја отежнува и незадоволството на одредени играчи.
Најпрво се пишуваше како Родригез и Хумелс се против Ковач, а наводно на тоа дуо сега му се приклучил и Томас Милер, кој последните два натпревари ги започнува од клупата.
За медиумите во Германија овој потег е незамислив бидејќи се работи за играч кој последен пат на клупата бил во 2010 година, кога тренер беше Луис Ван Гал.
„Не беше баш некоја гала изведба од наша страна, а за ротацијата е безмислено да се зборува“, кажа меѓу другото Милер.
Пофални зборови за играта на Баерн немаше ниту тамошниот угледен медиуми Билд, нарекувајќи ја ср**е.