„Кога го примивме вториот гол, се видов себеси во авионот накај дома“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгијскиот дефанзивец Јан Вертонген е еден од јунаците на вчерашниот пресврт на Црвените Ѓаволи против Јапонија во осмина финалето на Светското првенство.

Белгијците губеа со 2:0 до средината на второто полувеме, но сепак до крајот на натпреварот успеаа да направат пресврт и да стигнат до победа.

Вертонген го постигна првиот гол, а после мечот изјави дека во еден момент се видел во авионот, враќајќи се накај неговата татковина.

„Беше тешко да го држиме фокусот после првиот гол кој го примивме, но кога ни дадоа втор гол, веќе се замислив во авионот. Што се однесува до мојот погодок, топката се движеше во воздухот, ја удрив случајно со глава и имавме среќа, топката доби чуден агол и падна во мрежата“, изјави фудбалерот на Тотенхем.

Да потсетиме, сега Белгија ќе играат со Бразил за влез во полуфинале.