„Кога ми рекоа дека имам тумор, мислев дека наскоро ќе умрам“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Хозе Енрике (32) признава дека мислел дека ќе умре поради тоа што му бил дијагностициран – тумор.

Хозе во моментов е менаџер, работи со трансфери на играчи, но не можеше да биде мирен бидејќи во мај му соопштиле дека е во критична состојба.

Се присети дека го загубил видот поради тумор во левото око и потоа се борел со најголемиот предизвик во животот.

„Тоа ми го смени животот. Дури и ако докторот ви каже да не се грижите и тоа е безопасен тумор, не верувате во тоа и мислите дека ќе умрете. За некои луѓе е тоа рак и се шири насекаде. Страшен беше моментот кога ќе слушнете дека сте болни од тумор“, објаснува Хозе.

Шпанецот на есен ќе патува во Париз поради терапија и ќе добие поддршка од сите во Ливерпул.

„Неверојатно е тоа како Ливерпул се однесува кон играчите. Некој се грижи за вас 24 часа на ден, седум дена во неделата, но јас го сакам и почитувам секој ден кој го имам. Кога се будам, му се заблагодарувам на Бог дека ќе бидам жив уште еден ден“, вели Енрике.

Во својата кариера има играно за Леванте, Валенсија, Селта, Вилјареал, Њукасл, Ливерпул и Сарагоса.