„Кога можеа Ноле, Рафа и Надал да се вратат, може и Енди“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот американски тенисер Џон МекЕнро смета дека Енди Мареј повторно ќе се врати на самиот врв на светскиот тенис но под услов да биде физички потполно спремен во наредниот период.

Потсетуваме, Мареј имаше проблеми со повреда на колкот поради која на теренот не беше повеќе од една година.

Се врати ова лето но неговите игри не ветуваа многу до крајот на сезоната.

Сепак МекЕнро смета дека тој ќе се врати до самиот врв на УС Опен следната сезона.

„Беше еден од најдобрите во последните 10 години, освојуваше Гред Слем турнири, а се благодарение на физичките предиспозиции.

Доколку биде 100 проценти спремен очекувам да биде во Топ 10 за шест до девет месеци. Меѓутоа, ако биде 80 проценти спремен тоа е веќе друга приказна“- рече тој и продолжи:

„Погледнете што Роџер направи на 36 години, што прави Надал… Ѓоковиќ оваа година наеднаш стана оној стариот, сигурен сум дека Енди ги гледа нив и мисли дека е способен да направи нешто“.

Енди после големите проблеми падна дури на 259тото место на АТП листата.