„Кога ќе си го погледнам мојот зглоб, чувствувам гордост!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Марк Бартра, човекот кој ја погледна смртта во очи и и избега во вторник вечерта, сега е добар, лежи во болница, благодарен што е жив и се опоравува.

Марк Барта беше погоден во лактот, денеска објави фотографија на инстаграм на која тој лежи во болничкиот кревет а до него се неговата сопруга која го држи нивното бебе.

„Денеска во болница ме посети семејството и ме направија среќен. Тие се мојата причина за која ги поминувам сите пречки во животот.Најстрашните 15 минути во мојот живот поминаа. Сега сум добро. Сакам да тренирам, да играм, да продолжам да уживам со моите сакани. Сакам да ги видам трибините полни со луѓе кои ја обожаваат мојата работа. Барам само една работа. Сите да живееме во мир, да не војуваме.Знаете ли што чувствувам кога се гледам самиот себе во болница? ГОРДОСТ. Гледам гордо на мојот зглоб бидејќи ми текнува што сакаа да направат а што всушност направија. Им благодарам на сите кои беа до мене во болницата и кои ми даваа подршка од секаде. Поздрав до сите!“- напиша Бартра.