Коентрао даде тажна, но искрена изјава


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Фудбалерот на Реал Мадрид, Фабио Коентрао ја отвори душата и призна дека во моментов се чувствува лошо поради големиот пад на играта.

    Овој 28-годишен играч пред почетокот на сезоната се врати во Реал Мадрид од позајмица од Монако, а до сега не доби прилика за игра во Ла Лига. Коентрао одигра само два натрпевари во ЛШ и тоа во оној против Спортинг каде што направи и пенал.

    „Навистина не знам во што е проблемот, но ништо не оди како што треба. Не знам што се случува, но морам нешто да нарпавам за да се променат работите. Се чувствувам лошо, но морам напорно да работам за да се борам за минутажа. Знам дека ќе биде тешко бидејќи Марсело е најдобриот лев бек на светот“, изјави Коентрао.

    Морам на теренот да покажам дека заслужувам да играм за Реал. Ако продолжам вака, не заслужувам место во најдобриот клуб на светот. Имав проблеми со повредите и се опоравив, но не знам зошто не ми оди на теренот“, додаде Коентрао.

    Фабио Коентрао во Реал Мадрид пристигна од Бенфика во 2011. година, а со овој клуб освои една титула во Ла Лигата и една во Лигата на Шампионите.