Кожув поразен од Сутјеска, Рос четири секунди пред крајот му донесе победа на Берое против Фени Индустри


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонските претставници, Кожув и Фени Индустри денес одиграа натпревар од БИБЛ лигата.

Кожув загуби на гости од Сутјеска со 84:76.

После првата четвртина кошаркарите на Сутјеска имаа водство од 26:21. На полувреме македонскиот клуб имаше негатива од три поени, 40:37.

Пред последните десет минути од натпреварот Сутјеска имаше предност од четири поени, 62:58. Во последната четвртина домашните кошаркари беа подобри и на крајот победија со 84:76.

Кај Кожув најефикасен натпреварот го заврши МекНил со 27 поени.

 

Фени Индустри на домашен паркет запиша пораз од Берое, 84:85.

Кошаркарите на Фени Индустри одлично го започнаа натпреварот, 12:3. После десет минути играа имаа водство од 8 поени, 24:16. На почетокот на втората четвртина кавадарчани стигнаа до двоцифрена предност, 26:16. Гостите до крајот на првото полувреме намалија на само два поени, 41:39.

Бугарскиот клуб до израмнување стигна две минути пред крајот на третата четвртина, 56:56. Кошаркарите на Фени направија серија од 11 поени за 67:56. Во последните десет минути од натпревари кавадарчани имаа 8 поени, 67:59. Берое го презеде водството четири минути пред крајот на натпреварот, 77:78. Четириесет и две секунди пред крајот гостите имаа минимално водство, 82:83. Рос четири секунди пред крајот му донесе победа на Берое, 84:85.

Џонс со 27 поени го заврши натпреварот најефикасен во тимот на Берое. Николовски со 18 поени беше најефикасен кај Фени Индустри. Шарабидзе постигна 14, а Чешковиќ 13 поени.