Коку воодушевен од тројца фудбалери на Фенербахче, меѓу нив и нашиот Елмас


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Новиот тренер на Фенербахче, Филип Коку по првите неколку дена поминати во клубот и почетните тренинзи бил импресиониран од тројца играчи.

Меѓу играчите кои му паднале во око на холандскиот стратег е и нашиот Елиф Елмас кој блескал на тренинзите на турскиот клуб.

Коку наводно бил најмногу импресиониран од процентот на реализација на нашиот репрезентативец, а турските медиуми јавуваат дека доколку продолжи вака Елмас со сигурност ќе се најде во првиот тим на Фенербахче за следната сезона.

Покрај Елмас, Филип Коку бил многу задоволен и од Мехмет Екичи и Хозе Де Соуза.