Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Шведска со 1:0 славеше против Швајцарија во претпоследното осминафинале од Светското првенство.
Голот вреден пласман во четвртфиналето го постигна Емил Форсберг во 66. минута кога шутна од далечина а топката се одби од еден противнички фудбалер и ја затресе мрежата на Швајцарците.
Швајцарија во останатиот дел од натпреварот напаѓаше со надеж дека ќе стигне до израмнувачки гол. Наместо тоа Шведска по една контра доби слободен удар од 16 метри, а згора на се беше исклучен и Ланг. Сепак, Тоивонен не успеа по втор пат да го совлада Зомер, па натпреварот на крај заврши со 1:0.
Последниот осминафинален натпревар е денес во 20:00 часот кога Англија ќе се соочи со Колумбија.
¡GOOOOOOOOL de #SWE! #Forsberg (67′) #Suecia 1-0 #Suiza #SWE 1-0 #SUI#Rusia2018 #WorldCup #MundialRusia2018 #Worldcup2018 #FIFAWORLDCUPRUSSIA2018 pic.twitter.com/rwT3ZzyPRa
— armin veh´s (@armin_vehs) July 3, 2018