Компани организатор на се: Џеко повторно ќе го облече дресот на Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите од Островот, дефанзивецот на Сити, Винсент Компани планира во септември месец да направи почесен натпревар за себе по повод 11 години поминати во клубот, а во таа прилика ќе собере неколку легенди.

Белгиецот има намера по тој повод на Етихад да ги врати легендите со кои ја освоија титулата во 2011/12 година, а меѓу нив се Самир Насри, Џо Харт, Марио Балотели и Един Џеко.

Компани даде занимлива изјава по тој повод.

„Вие кажувате дека се ќе биде организирано поради мене, но ако Марио дојде, тоа ќе биде поради него“, порача низ смеа Компани во разговор за Manchester Evening News.

Капитенот на Сити сеуште не објави кој ќе биде противник на нивниот тим.

Инаку додавамае дека Компани во Сити стигна на летото 2008. година од Хамбург, а од тогаш за Граѓаните има одиграно само во лигата повеќе од 250 натпревари.