Конечно е готово: Ова е казната за Милан од УЕФА, позната е санкцијата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан е казнет од страна на УЕФА.

Екипата на Милан го прекрши финансискиот фер плеј, очекуваше санкција и по жалбата конечно УЕФА донесе одлука која не може да биде смеента.

Милан нема да биде казнет со забрана за доведување на играчи, но ќе биде на условна казна следните две години, доколку го прекрши финансискиот фер плеј ќе биде исклучен од сите натпреварувања. Покрај тоа, доколку не постигне баланс во буџетот, исто така ќе биде исклучен од натпреварувањата.

Покрај тоа, нема да добие бонус до 12 милиони евра од европските натпреварувања, а во следните две години ќе има рестикција во вид на број на играчи кои можат да ги пријават за европските натпреварувања.

Милан ќе може да пријави само 21 играчи.

Казната е сериозна, но подобра од очекуваното, иако не дојде до забрана за регистрација на нови играчи.