Конечно најде ангажман: Бен Арфа си одбра нов клуб!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот 31-годишен фудбалер во наредната сезона ќе го носи дресот на Рен, кој го одбра по разговорите со Сабри Ламучи и спортскиот директор Оливие Летанг.

Потрагата за новиот клуб заврши. По повеќе од една година Хатем Бен Арфа конечно ќе се вати на теренот, но ќе треба да работи за да ја врати формата.

Трансферот на искусниот играч во Рен би требало да биде потврден во наредните часови и фубдалерот конечно ќе заигра по долга пауза.

Одличниот фудбалер минатите две сезони имаше договор со ПСЖ, каде што во меѓувреме настапи на 32 натпревари, а претходно играше за Ница, Хал, Њукасл, Марсеј и Лион.