Конечно прозборе: Манчини откри зашто го давел Балотели!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Италијанецот конечно прозборе за сцената на еден тренинг на Сити.

    Тогаш сликата го обиколи светот и беше тема на денот. Не гледате често на врвно ниво, макар пред камери во јавност тренер да дави играч. Манчини во еден разговор за медиумите прв пат прозборе за сцената.

    „Изгледа пострашно на сликите отколку што беше навистина. Полудев, пробав да го исфрлам од теренот, го фатив за јакната, не за врат, но толку беше силен што не можев да го поместам.“

    Тој ја откри и причината за бесот.

    „Пред тренингот им реков на фудбалерите да го поштедат Клиши од силни стартови, бидејќи само што се врати од повреда. И потоа, првиот старт на Балотели беше опасен.“

    Поради тоа збеснал, но лутината брзо му поминала бидејќи Балотели бил како дете.

    „Само негова вина е што не го води нападот на Италија. Тој е најдобар италијански шпиц кој се појавил во последната деценија. Феномен на теренот, но и на феномен може се да му падне на памет, како маицата `Зашто секогаш јас против Јунајтед`.“

    Смета дека Балотели згрешил што го напуштил Сити.

    „Не беше во добри односи со некои играчи, тие ги осудуваа неговите постапки, па јас инсистирав да замине. Бев тажен бидејќи во Сити играше добро и беше заслужен за титулата која ја освоивме.“