Конечно се договорија, Сигурдсон утре потпишува за Евертон


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По повеќе од два месеци преговори, Евертон и Свонси конечно се договорија за трансфер на Гилфи Сигурдсон на „Гудисон Парк“.

Цената на трансферот ќе изнесува околу 45 милиони фунти што ќе го направи исландскиот репрезентативец најскап фудбалер во историјата на Евертон.

Се очекува Сигурдсон денес да пристигне во Ливерпул, а веќе за утре се закажани медицинските прегледи и официјалната промоција во клубот.