Конечно се е подготвено: Погледнете ја фантастичната инфраструктура на новиот стадион на Тотенхем (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем оваа сезона има огромни маки поради новиот стадион кој требаше да биде отворен уште на почетокот на сезона.

Меѓутоа, работите се одложија подолго од очекуваното, но се чини дека Тотенхем оваа сезона сепак ќе заигра на новиот стадион, Отворањето се планира за почетокот на април и се чини дека конечно се е подготвено.

Лондоснкиот клуб потврди дека сите ситни грешки кои биле во текот на работата сега се поправени, и дека стадионот во потполност е подготвен да организира натпревари.

Англиските медиуми синоќа заминаа да го разгледаат стадионот на Тотенхем, кој изгледа навистина фантастично. Во видеоприлогот во продолжение можете да погледнете како изгледа стадионот од надворешна страна, додека внатрешноста сигуирно ќе ви го одземе здивот.