Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гризлис сакаат да градат нов тим околу младото крило Џарен Џексон, па одлуличе Конли и Гасол да ги искористат за потенцијални трејдови.
Секако, за овие ветерани тимот од Мемфис сака да добие млади играчи, пикови кои би можеле да ги поврзат со Џексон.
Гасол на лето ќе биде слободен играч и ова е последна шанса за Мемфис да добие нешто од него, додека Конли од друга страна има договор до 2021. година и во овој период ќе инкасира околу 67 милиони долари.
Дали до овие трејдови ќе дојде, останува да видиме, но интерес за ова секако дека ќе има.
Конли е водечки играч оваа сезона во Гризлис со просек од 20 поени по натпревар, додека 33 годишниот Гасол уфрлува нешто повеќе од 15 поени.