Конопјанка: „Интер и Лацио сакаа да ме доведат, но…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Поранешната трансфер цел на Лацио и Интер, Јевен Конопјанка призна дека имал понуди од италијанските гиганти, но тој се решил да остане во Шалке 04, откако во германскиот тим дојде нов тренер, кој верува во Конопјанка.

Украинецот додека беше на интернационланата пауза откри дека ако не се променеше тренерот на Шалке тој ќе го напуштеше клубот од Гелзенкирхен.

„Имаше интерес од Стоук Сити, Лацио и Интер“- изјави Конопјанка за украинските репортери.

„Ако останеше нашиот поранешен тренер, јас сигурно дека ќе си заминев, имав многу понуди.“

„Среќен сум што дојде Доменико Тедеско, па работите тргнаа на подобро.“ – заврши Украинскиот репрезентативец.