Контактите се воспоставени: Ливерпул во трка за потписот на големиот потенцијал на Италија?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Италија во последно време е во проблеми, се чини дека смената на генерации не е најдобро направена, а впечатокот е и дека нема толку квалитетни млади играчи кои би можеле да ја однесат репрезентацијата до големи успеси во иднина.

Доведен е Роберто Манчини, кој се обидува во националниот состав да зацврсти што поголем број млади играчи, а еден од оние кои добија повик и покажуваат дека би можеле да бидат носители на играта во репрезентацијата еден ден е младиот Сандро Тонали.

Во ова момче се наоѓа огромен потенцијал, медиумите на апенините веќе го споредуваат со легендарниот Андреа Пирло, бројните клубови од врвот во Серија А покажаа интерес за неговите услуги.

Се чини дека Рома е најупорна, но сега на најдобрите италијански клубови им стигна опасна конкуренција од Премиер лигата.

Ливерпул е заинтересиран за Тонали, а сопственикот на Бреша, за која младиот репрезентативец настапува, Масимо Селино изјави дека англискиот клуб воспоставил контакт со него по повод ангажманот на 18-годишниот фудбалер.

Тонали игра во Серија Б, што само покажува колку е талентиран, бидејќи клубовите и надвор од гранциите на Италија покажаа интерес за неговите услуги.

Запиша 36 лигашки настапи, постигна три погодоци, игра на позицијата заден играч за врска и централен играч за врска, а поради стилот на игра, како што посочивме, го споредуваат со Пирло, кој исто така својата играчка кариера ја почна во вториот најголем град Ломбардија.