Конте го договори првото засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Франција стигнуваат информации дека Челси во името на Тему Бакајоко од Монако ќе го добие своето прво летно засилување.

Како што пишува „Л’Екип“  Бакајоко ќе биде нов играч на Челси откако двата клуба се договориле за цена од околу 35 милиони фунти.

„Дејли мејл“ од Англија пишува дека Бакајоко овој викенд ќе пристигне во Лондон со што трансферот набрзо ќе биде официјализиран.

Со доаѓањето на францускиот интернационалец неизвесна останува позицијата во клубот на Немања Матиќ и Цеск Фабрегас.