До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Сините веќе спремија понуда тешка 50 милиони евра!
Реформите во последната линија на тимот на Челси е тема на медиумите веќе некое време, многу имиња се доведуваат во врска со лондонскиот клуб, но сите тие приказни беа со шпекулатиувен карактер.
Денеска исплива првиот конкретен случај, „Квотидано Спортиво“ пласира во етер информација дека Сините спремија 50 милиони евра за Алесио Ромањоли и дека го сакаат во своите редови веќе во јануари.
Се чека одговор од Сан Сиро, ќе биде интересно поради тоа што е истакнато дека овој 21-годишен стопер е иднината на Росонерите.
Милан Ромањоли го доведе од Рома во минатото лето за 25 милиони евра, а при тој трансфер е договорено дека на Волчицата ќе припаднат 30 % од следната продажба.
Доколку Милан прифати на понудата на Челси ќе излезе дека заработи 10 милиони евра помалку на талентираниот дефанзивец.















