Конте дојде до рекорд – Ова ни на Мурињо не појде за рака!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси под палката на италијанскиот стратег доминира во Премиерлигата, Конте веќе соборува рекорди.

Фудбалерите на Челси го совладаа Кристал Палас на примерата од 17 коло од Премиерлигата.

Рутински и минимално славеа на Селхарст, единствениот гол го постигна Диего Коста.
Тоа воедно е и 11 триумф на Челси во најквалитетното натпреварување во Премиерлигата, такво нешто не појде за рака на ниту еден тренер на клупата на Сините до Конте.

Лошо тргна по Италијанецот на новата задача, но со време успеа да ја имплементира својата омилена формација и со неа е непобедлив. Челси е прв на табелата на Премиерлигата, најблискиот ривал моментално заостанува дури девет бода.