Манчестер Јунајтед го контактирал Дидие Дешан

Дидие Дешан
Фото: Bryan Berlin / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Манчестер Јунајтед го контактирал поранешниот селектор на Франција, Дидие Дешан, тврди францускиот портал Фут Меркато. Англискиот клуб во последните денови се распрашал за можноста 58-годишниот тренер да ја преземе клупата на „Олд Трафорд“.

Дешан ја напушти репрезентацијата на Франција по Светското првенство во 2026 година, по 14 години на чело на селекцијата. Со Франција ја освои светската титула во 2018 година.

Според францускиот медиум, Дешан ја слуша понудата, но не брза со враќањето на тренерската клупа. Тој е подготвен да чека и до летото, а сè уште не е сигурно дали е заинтересиран за предизвикот во Манчестер.

Несигурна позиција за Керик

Позицијата на Мајкл Керик на клупата на Јунајтед е сè понесигурна, а раководството на клубот веќе бара можни замени. Според истиот извор, Јунајтед претходно ги разгледал и опциите со Јулијан Нагелсман и Унаи Емери.

Дешан беше на списокот и на Реал Мадрид, пред шпанскиот клуб да се одлучи за Жозе Мурињо, пишува Гет Френч Футбол Њуз.

Од Манчестер Јунајтед засега нема официјален коментар за овие информации.

Пред да ја преземе Франција, Дешан со Монако стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2004 година, со Јувентус се врати во Серија А во 2007 година, а со Марсеј ја освои титулата во Франција во 2010 година. Доколку прифати понуда од Јунајтед, тоа би било негово прво тренерско искуство надвор од Франција и Италија, а воедно и прв клупски ангажман по повеќе од една деценија.

Дешан како играч ја освои светската титула во 1998 година и европската титула во 2000 година, а како тренер со Франција стигна и до финалето на Светското првенство во 2022 година.