Конте признава: Никогаш не се знае, но Реал моментално е „врел компир“…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте нема ангажман од крајот на минатата сезона кога заработи отказ во Челси, а доста се зборуваше за неговиот ангажман во Реал. Но, по отказот на Џулен Лопетеги мадридскиот тим го презеде Сантијаго Солари.

Некогашниот тренер на Јувентус, Челси и селектор на италијанската репрезентација, Антонио Конте ужива во паузата од работата.

„Реал Мадрид моментално е врел компир, подобро не… Постоеше можност, но не сакам да го преземам клубот среде сезона. Повеќе сакам да работам од почеток“, истакна Антонио Конте кога беше запрашан за преземањето на Реал Мадрид.

„До летото нема да ме видите на клупата на ниту еден клуб, тоа е сигурно. Што се однесува до Интер, се зборуваше долго, но никој не ме контактирал. Мирно ќе ги разгледам сите понуди кои ќе ги добијам“, истакна Конте за шпекулациите кои го ставија на клупата на Рома, Интер и Манчестер Јунајтед.