Конте ја покажа класата: Ги тешеше навивачите и играчите на Мидлзборо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси со головите на Диего Коста, Маркос Алонсо и Немања Матиќ го совлада Мидлзборо, и на тој начин дојде многу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата, но и го испрати Мидлзборо во Чампионшип.

Антонио Конте уште еднаш ја покажа класата и оддаде признание на играчите и навивачите на Боро после победата на својата екипа на Стенфорд Бриџ.

Екипата на Мидлзборо многумина веќе одамна ја видоа во понискиот ранг на англискиот фудбал, а синоќешниот пораз тоа само го потврди.

После последниот судиски свиреж на лицата и играчите на Боро можеше да се види големо разочарување и тага, а тренерот на Челси се одлучи да пружи барем мала отеха на сите играчи на гостинската екипа, но и на навивачите кои допатуваа на Стенфорд Бриџ.

Конте заедно со играчите на Мидлзборо, после нартпреварот, со аплауз ги поздрави верните навивачите на оваа екипа кои поминаа долг пат со цел во Лондон да бидат со својот клуб.

Меѓутоа ни гестот на Конте не успеа да го намали разочарувањето во таборот на Мидлзборо.

„Не е лошо само вечерва, лошо е во целата сезона. Не бевме доволно добри, беа подобри од нас во секој аспект. Ова е далеку најниска точка од мојата кариера“, изјави после натпреварот дефанзивецот на Боро, Бен Гибсон.