Контроверзии во тенисот: Уапсени 34 лица, меѓу нив дури 6 шпански тенисери!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шпанската полиција соопшти денес дека се уапсени 34 лица, меѓу кои се и 6 тенисери, за кои се сомнева дека биле вмешани во наместени натпревари и дека на тој начин заработиле повеќе од половина милион долари на послаби турнири во Шпанија и Португалија.

    Полицијата најде докази за обидите на лажирање на 17 турнири во 5 градови меѓу кои се Мадрид, Севиља и Порто. Сите уапсени лица се Шпанци.

    Имињата на тенисерите не се соопштени, но соопштено е дека тие се рангирани помеѓу 800-то и 1200-то место на АТП ранг листата.