„Кориере дело Спорт“: Дибала заминува од Јувентус, ривали од Премиерлигата се борат за неговиот потпис!?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Италијански „Кореиере дело Спорт“ пишува дека клубовите од Манчестер, Сити и Јунајтед, се заинтересирани за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Аргентинецот е еден од најважните фудбалери на „Старата дама“, но неговото влијание во Торино се намали по пристигнувањето на Кристијано Роналдо.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус би можел да разгледува понуди за неговите услуги, но дури наредното лето.

Наводно, „ѓаволите“ и „граѓаните“ се најсериозни кандидати за неговиот потпис, а Јуве ќе се откаже од својот фудбалер доколку некој од нив понуди 100 милиони евра.