Кориере дело Спорт: Реал по само три месеци се ослободува од Лопетеги, познат неговиот наследник


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Жулен Лопетеги би можел да помине во Реал Мадрид само три месеци. Поранешниот шпански селектор е пред отказ, а доколку има лоши резултати во следните натпревари против Леванте, Плзен и Барселона сигурно ќе стане поранешен тренер на европскиот шампион.

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ на својата насловна објави ексклузива дека во понеделникот челниците на Реал Мадрид го контактирале Антонио Конте, тренер кој во моментов е без работа.

Конте, наводно позитивно одговорил на понудата и е подготвен да го замени Лопетеги на клупата на „Кралскиот клуб“.