Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот Диего Коста, наводно, е незадоволен со својот моментален статус во Атлетико Мадрид.
„Мундо Депортиво“ пишува дека на Коста му пречи тоа што неговиот соиграч Антоан Гризман има поголема плата.
Гризман годишно заработува 25 милиони евра, а таа сума е многу поголема од таа на Коста, кој заработува 8,5 милиони евра.
Медиумите пишуваат дека Коста сака да замине од Атлетико во зима, а наводно е заинтересиран да прифати понуда од Кина.
Кинезите го бараа Коста и додека беше во Челси, но тогаш не се реализираше тој трансфер.
Коста по вторпат стана член на Атлетико на први јануари 2018. година, кога стигна од Челси за 66 милиони евра.