Коста со „еврогол„ донесе победа на дебито на Конте во ПЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дебито на Конте во Премиер Лигата со својот Челси заврши славно, а херојот на тој среќен крај е веројатно Диего Коста кој во 89тата минута со еврогол ги донесе првите три бода на својот Челси во новата сезона.

Првото полувреме беше мирно, без погодоци, со неколку жолти картони. Првиот гол падна во 47мата минута кога Еден Азард стрелаше прецизно од белата точка и донесе водство на Челси. Колинс во 77мата минута го изедначи резултатот.

А победата во рацете на Конте стигна една минута пред истекувањето на регуларниот дел кога Диего Коста стрелаше и постигна одличен погодок за три бода на Челси. Конте беше пресреќен, тоа можеше да се виде од тоа како тој славеше со фановите кои беа во првите редови на трибините.

Со овој дуел на Стемфорд Бриџ заврши и првото коло од оваа сезона од ПЛ а засега Јунајтед е прв, Ливерпул втор, Челси трет и Сити четврт.

Следниот дуел Челси го игра со Вотфорд на гостински терен во сабота.