Коста трагичар, Мињоле јунак – Ливерпул и Челси ги поделија бодовите (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Челси ремизираа на Енфилд во натпревар од 23-то коло во ПЛ, 1:1.

Куртоа фантастично го одбрани ударот на Вијналдум од далечина во 12-та минута. Неколку минути подоцна беше досуден слободен удар за Челси, а Давид Луиз постигна фантастичен погодок за водство на сините.

На полувреме Челси замина со минимална предност, 0:1.

Мозес на почетокот на второто полувреме ја погоди стативата. Во 57-ма минута Вијналдум постигна погодок со глава за израмнување.

Петнаесетина минути пред крајот на натпреварот Клатенбург досуди пенал за Челси. Матип направи прекршок во казнениот простор. Коста шутираше, но голманот на Ливерпул, Симон Мињоле фантастично одбрани и го спаси Ливерпул од пораз на Енфилд.

До крајот немаше промена на резултатот, 1:1.