„Која е поентата да го избркаш Венгер, па на новиот тренер да му кажеш – нема пари за засилувања?“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Арсенал вчера загуби со 1-3 на гостувањето на „Итихад“ кај Манчестер сити, па сега „топчиите“ се на шестото место со 47 освоени бодови и навивачите не се задоволни.

Тимот на Унај Емери делува неубедливо, а заминувањето на Арсен Венгер не смени многу работи. Повторно управата на клубот е скржава, па немаше засилувања зимава.

Легендата на Арсенал, Еманеул Пети, смета дека управата на клубот не направила добар потег со отпуштањето на Венгер, кој замина по 20 години.

„Да го избркаш Венгер и да донесеш нов тренер, а потоа да му кажеш дека немаш пари за фудбалери, тогаш која е поентата?“, прашува Пети.

Одговор најверојатно нема да добие, иако е повеќе од јасен, па сите се надеваат дека во вториот дел од сезоната ќе успеат да обезбедат пласман во Лигата на шампиони.