Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Марио Балотели се најде во центарот на вниманиети пред вечерашниот меч помеѓу Марсеј и Ница.
Италијанскиот напаѓач до скоро го носеше дресот на Ница, но во зимскиот преоден рок потпиша за Марсеј, по што тренерот Патрик Виера го отпиша.
Меѓутоа, Италијанецот нема лоши сеќавања на некогашниот клуб. Таму доживеа убави моменти, тоа е тимот кој му ја оживеа кариерата, а во какви односи е со бившите соиграчи доволно покажаа случувањата пред мечот.
Балотели пријде на секој член од противничкиот тим и се поздрави. Секако, се беше срдечно и со доста забава, а Балотели уште еднаш покажа дека е голем човек.
Реткост е да се видат вакви детали, бидејќи кај повеќето владее гордост кога играчот настапува против бившиот клуб.
Сепак, Балотели е нешто сосема друго…