Кој кажа дека го нема Озил: Фантастична асистенција за одличен погодок на Обамејанг (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал водат по првото полувреме во мечот против Барнли во рамки на Премиер лигата.

По 14 минути од мечот, „Топчиите“ на спектакуларен начин дојдоа до предност.

Имено, Озил ја почна акцијата по десната страна, разменија голем број пасови фудбалерите на Арсенал, потоа Озил испрати прекрасна топка на подалечната статива, од кадешто Џака му остави пета на Обамејанг, кој без проблеми ја смести топката во спротивната мрежа за 1:0.

Оваа сезона мора да се признае дека „Топчиите“ играат навистина убав фудбал, па оттаму навика станаа ваквите прекрасни акции.

Во продолжение погледнете го погодокот на Обамејанг.

https://www.youtube.com/watch?v=EmcDSI-09_I