Кој оди во кој шешир – Замислете само ваква група во Лигата на шампионите?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во минатиот викенд спуштена е завесата во најсилните лиги во Европа, што значи дека имаме поголем дел од учесниците на Лигата на шампионите.

Шампионските титули ги уверија Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, Челси, Бенфика, Монако, Спартак Москва и Шахтјор и токму тие екипи заземаат места во првиот шешир, по правилото од првите две години.

Што се однесува до вториот шешир, после долго време, во него се наоѓа Барселона, а  покрај неа, тука се уште и Атлетико Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити и Порто, и ако се пласираат Манчестер Јунајтед и Севиља.

Во третиот шешир, очекува, сеуште не ги знаеме сите учесници, сигурни се Тотенхем, Базел и Андерлехт кои сигурно обезбедија пласман.

Се очекува дека низ квалификации до третиот шешир ќе дојде и уште еден повратник Ливерпул, потоа Наполи, Ајакс, Олимпијакос и Динамо Киев.

Во четвртиот шешир засега се Рома, РБ Лајпциг и Фејенорд, потенцијални екипи се уште Селтик и Ница.

Првите шешири се составени од шампионите, а во вториот се гарантирани за Барса, Атлетико, ПСЖ, Сити, како и во третиот Ливерпул, Тотенхем, тука веќе сега може да ни даде и потенцијална група на смртта – Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул/Тотенхем, Рома.

Признајте дека едвај ја чекате новата сезона иако оваа само што заврши.

Вака засега изгледааат потенцијалните шешири во ЛШ:

Шешир 1: Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, Челси, Бенфика, Спартак Москва, Монако, Шахтјор.

Шешир 2: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Порто, *Манчестер Јунајтед, *Севиља.

Шешир 3: Тотенхем, *Ливерпул, *Наполи, Андерлехт, Базел, *Ајакс, *Динамо Киев, *Олимпијакос.

Шешир 4: Рома, Лајпциг, Фејенорд, *Селтик, *Ница, ???