Кој пее, зло не мисли: Ѓоковиќ со песна ги воодушеви фановите пред Австралијан Опен (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн, каде што од 14 до 27 јануари ќе се обиде да стигне до седмата титула на Австралијан Опен.

Досега со исто број трофеи како Ѓоковиќ (шест), се уште и Роџер Федерер и Рој Емерсон, но Србинот ќе се обиде да стане лидер во таа конкуренција.

Ѓоковиќ е ептен расположен пред почетокот на турнирот, па со песна ги поздрави фановите преку социјалните мрежи.