Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е дефинитивно поразличен тим откако Оле Гунар Солскјер седна на клупата на овој тим.
„Црвените ѓаволи“ ја забележаа четвртата победа во исто толку натпревари колку што Норвежанецот е на клупата откако со 2:0 славеа на гостувањето кај Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.
Головите за Манчестер Јунајтед ги постигнаа Ромелу Лукаку во 64. и Маркус Рашфорд во 80. минута од средбата.
Со оваа победа Манчестер Јунајтед и дефинитивно се вклучи во трката за четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите, нешто што пред само нешто повеќе од две недели изгледаше за невозможна мисија.