Кратка беше ерата на Куртоа во Реал: По одлука на Зидан, Белгиецот ги пакува куферите и заминува од „Бернабеу“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот голман, Тибо Куртоа пред почетокот на оваа сезона беше единственото звучно засилување за Реал Мадрид.

Куртоа во Реал пристигна од Челси, и успеа да избори место на прв голман иако Келјор Навас неколку години беше на висината на задачата. Сепак, Лопетеги, па потоа и Солари му дадоа предност на Куртоа, но се чини дека на тоа му дојде крајот.

Откако Зидан се врати на клупата на кралскиот клуб веднаш направи промена на голот, па го врати Навас во тимот. Шпанските медиуми пренесуваат дека тоа е јасен знак за Белгиецот дека веќе на лето може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Добро информирана „Марка“ објави синоќа дека Зидан е подготвен да донесе нов голман во Реал Мадрид, но дека му порачал на Флорентино Перез дека тоа единствено може да биде Давид Де Геа.

Зидан „пресече“ дека Навас може да биде резерва, но јасно даде до знаење дека тоа ќе се случи само ако Перез го донесе голманот на Манчестер Јунајтед.

Но, тоа сигурно значи дека Куртоа по само една сезона ќе биде на трансфер листата, и дека најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид. Доколку Навас остане број еден тогаш треба да се очекува, Кралевите да бараат голман кој ќе биде резерва, но значително поефтин од Куртоа.