Кратко траеше авантурата: Лина Ѓорческа елиминирана во 1-то коло


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Денес од 10:00 часот се одигра натпреварот помеѓу нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и Заневска на ВТА турнирот во Лимож, Франција.

    Воедно ова беше првиот настап на нашата тенисерка на ВТА турнирите, но за жал кратко траеше бидејќи беше елиминирана во првото коло со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 6:3.

    Во првиот сет немаше голема борба, односно Заневска доминираше додека Ѓорческа успеа да освои само еден гејм, па тој сет заврши многу брзо.

    Во вториот сет видовме подобра игра од Ѓорческа. На почетокот таа изгуби еден свој сервис и Заневска имаше предност од 1:3, но благодарение на одличната игра Ѓорческа успеа да се врати на 3:3 и дури имаше и 2 брејк топки за предност од 4:3, но не успеа да ги искористи.

    Откако не успеа да ги искористи брејк топките, Заневска се врати во игра и рутински го заврши и вториот сет. Ѓорческа даваше отпор, но тоа едноставно не беше доволно против овој пат пресилната Заневска.

    Во моментов Лина Ѓорческа се наоѓа на 205-то место во сингл конкуренција.