Крајот на маките сеуште го нема – Играчите на Вест Хем повторно го исфрлија Паје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Димитри Паје веќе со денови е мразена личност меѓу навивачите и игрите на Вест Хем.

Францускиот фудбалер веќе долго не тренира со екипата, одби да игра, па побара трансфер во Марсеј.

Тимот на Марсеј испрати 3 понуди за 29-годишниот фудбалер, но сите беа одбиени од Вест Хем.

Се очекуваше Паје овие денови да се појави на тренинг на Вест Хем, но остатокот на екипата тргна против него.

Играчите не сакаат да го видат Французинот во нивна близина, затоа што сметаат дека им на нарушува атмосферата.

Претходно Паје беше исклучен од сите друштвени активности, но тој би можел да го напушти тимот до крајот на неделата.

Наскоро треба трансферот да биде комплетиран, но јасно е дека Паје нема повеќе да го гледаме во дресот на Вест Хам.