Крајот се гледа за легендата: Батон во недела се простува од Ф1


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Џенсон Батон во недела ќе се прости од Ф1.

    Шампионот на светот од 2009 година на денешната конференција за медиумите изјави дека ГН на Абу Даби ќе биде негова последна трка.

    „Во овој викенд влегувам размислувајќи дека ова ќе ми биде последна трка. Мислам дека тоа е најдобар начин. Ќе ми биде тоа последна трка. Во овој момент, не сакам да се тркам во Ф1.“

    Батон, кој во наредниот период ќе има амбасадорска улога во Мекларен, како резервен возач ќе го замени Фандорне.

    Тој во 2017-та година ќе му биде партнер на Фернандо Алонсо.