Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Американката Венус Вилијамс е поразена во 1/8-финалето на ВТА турнирот во Вухан.
Постарата од сестрите Вилијамс ја бранеше титулата во Кина, но денес пред себе ја имаше расположената Светлата Кузнецова, која победи со 6:2 и 6:2.
Таа победи по 1 час и 11 минути игра, а во борба за ½-финале ќе се соочи со подобрата од Радванска-Вознијацки.
Во ¼-финале се пласираа уште Халеп, Киз и Конта.