КРАЈ НА ЕДНА УБАВА ЕРА: Легендарниот Иниеста објави крај на репрезентативната кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Андрес Иниеста по поразот од Русија објави дека се повлекува од репрезентацијата на Шпанија.

Дон Андрес долги години беше моторот на „црвената фурија“ во походот кон неколку големи успеси на оваа репрезентација.

„Ова беше мојот последен натпревар за Шпанија. Ова е крај на една магија, а крајот понекогаш не е онаков каков што си сонувал дека ќе биде“- коментираше 34 годишниот фудбалер.

Иниеста за Шпанија одигра 131 натпревар и постигна 13 голови од кој најважен е оној од финалето на Светското првенство во 2010 година.