Крај на кариерата на само 25 години – Играч на Лион заминува во пензија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Немаше среќа со повреди, поранешниот капитен на младите селекции на Франција, па одлучи да ја заврши кариерата.

Поради проблеми со повредите на фудбалерот на Лион, Геид Фофана ја заврши кариерата на само 25 години.

Фофана е играч од средината на теренот, а во Лион стигна во 2011 година како еден од најталентираните француски фудбалери и некој кој во сите младински репрезентации на Франција беше капитен.

Тој има играно заедно со Погба, а токму тие двајца беа предвидени за фудбалери кои би можеле да ја водат репрезентацијата на Франција кон нови големи успеси, но само за еден од нив успеа тоа.

Фофана беше стандарден во Лион од 2011 до 2014 година, а потоа почнаа проблемите со повреди.