Крај на сезоната за еден од најдобрите скијачи во светот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    За германскиот скијач Фриц Допфер(29) сезоната заврши откако на тренингот во Цилертал падна и ја скрши ногата.

    Тој ја скрши левата нога и мораше на операција во болница во Инсбрук, а според првите претпоставки, тој ќе паузира 6 месеци.

    „За жал, оваа сезона за мене заврши. Сепак, подготвен сум и на такви удари во кариерата.“

    Тој ќе го пропушти СП во Сент Мориц, а негова цел е оздравувањедо ОИ во Кореја во 2018-та година.

    „Сакам да бидам подготвен за ОИ. Ќе се фокусирам само на таа цел.“