Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Емре Чан би можел да го пропушти остатокот од сезоната, а неизвесен е и за Мундијалот во Русија по една незгодна повреда на грбот.
Прегледите потврдија дека повредата на грбот која ја има Чан е посериозна и потешка од очекуваното, а како што се наведува сезоната за германскиот репрезентативец изгледа е завршена.
Бидејќи се уште го нема продолжено договорот со Ливерпул кој му истекува на лето многу е веројатно дека Чан веќе го одигра својот последен натпревар за клубот од „Енфилд“.
Потврда за сериозноста на повредата и официјално се очекува во следните неколку денови.