Крај на сезоната за играч на Вотфорд!

Фудбалерот на Вотфорд, Мауро Зарате ќе отсуствува долго време од терените затоа што го повреди предниот вкрстен лигамент на натпреварот со Вест Хем.

29-годишниот играч со носилки беше изнесен надвор од теренот.

Зарате на Инстаграм објави дека прегледите покажале дека лигаментот му е скинат на коленото и дека најверојатно ќе паузира долго време.

За таквите повреди, рехабилитацијата обично трае 6 месеци. Меѓутоа, тој би можел да биде и подолго време надвор од терените ако прави операција.

„На се ова му пристапувам со цела своја сила, ќе се вратам посилен од претходно.“

Вотфорд е на 12-то место во ПЛ, а до крајот на сезоната има 12 кола.