Кристијано Роналдо разговараше со Перез: Овој тренер треба да го води Реал Мадрид!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ситуацијата во Мадрид е долго време тешка, а се повеќе шпекулации пристигнуваат за отказ на Зидан.

Тој можеби му донесе два трофеи во Европа на Реал Мадрид и една титула во Шпанија, но тоа можеби нема да биде доволно за да го дочека крајот на сезоната во Реал. Веќе долго време се шпекулира дека Перез сака да му даде отказ, а сега се вмеша и Роналдо кој има свој фаворит.

Медиумите пишуваат дека Роналдо го сака Јирген Клоп во тимот.

Роналдо му кажал на Перез дека Клоп преферира директна и напаѓачка игра каква што му е потребна на Реал, а дали Перез ќе го послуша него, останува да видиме.